Скопје се повеќе и повеќе се бетонизира. Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода се скопските општини каде се бара стан повеќе за купување, а слободен простор и зелени површини „ни за лек“ – реагираат дел од граѓаните.
Интензивно се гради, а масовната узурпација на јавната површина создава хаос во овие општини. Зградите се градат блиску една до друга, а воздух се помалку. Веројатно во ваков простор тешко се пробива обично возило, а да не стане збор за противпожарна служба или брза помош.
Ред бетон, ред сообраќаен хаос, се жалат скопјани.



