По две години Австралија повторно ги отвори границите

Uncategorized

Странски туристи почнаа да пристигнуваат во Австралија со одредени ограничувања, за првпат по речиси две години, откако владата ги укина дел од најстрогите антиковид мерки од која било демократија во светот.

Вакцинираните патници беа пречекани на аеродромот во Сиднеј со играчки коали и омилена австралиска храна, а првите странски туристи ги пречека федералниот министер за туризам, а пристигнаа со летот на „Кантас“ од Лос Анџелес.

Процедурата предвидува сите патници да бидат проверени пред да пристигнат. Целосно вакцинираните патници не одат во карантин, а оние кои не се вакцинирани прво мора да престојуваат во хотел 14 дена на свој трошок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *