ЉУБОВТА ПРЕТОЧЕНА ВО ПЕСНА: Кире Науновски го сними спотот за „Дојди ми“, а главна инспирација му е сопругата Марија

Македонскиот пејач Кире Науновски продолжува со силно темпо на музичката сцена и по успешната промоција на песната „Ти ќе бидеш моја“, подготвува уште едно музичко изненадување за својата публика. Деновиве тој го комплетираше снимањето на видеоспотот за новата песна „Дојди ми“, која наскоро ќе ја доживее својата официјална премиера.

Спотот е реализиран на неколку впечатливи локации во Свети Николе, градот од кој потекнува Науновски. Според информациите од неговиот тим, станува збор за емотивна љубовна приказна исполнета со романтика и искрени чувства, кои совршено ја следат пораката на песната.

Посебен белег на видеозаписот дава појавувањето на неговата сопруга Марија, која за првпат има една од главните улоги во музичкиот проект на Кире. Нивната природна хемија и искрените емоции внесуваат дополнителна топлина во кадрите и го прават спотот уште поавтентичен.

За визуелната реализација повторно се погрижи тимот на ИН Продукција, кој и овојпат подготви модерна и впечатлива приказна. Премиерата на „Дојди ми“ се очекува во текот на јули, а првото телевизиско емитување ќе биде на сателитската телевизија ИН.

Да потсетиме, Кире Науновски стана познат на пошироката јавност по триумфот во музичкото шоу „Никад није касно“, по што неговата кариера бележи постојан подем. Со препознатливиот глас и искрените интерпретации, тој успева да ја освои публиката и да се наметне како едно од најценетите имиња на македонската естрада.

Со новата песна „Дојди ми“, Науновски уште еднаш потврдува дека подготвува сериозни музички проекти, а според првите реакции, песната има сите предуслови да стане еден од големите летни хитови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*