Селото е на 13 километри северно од Костур, во областа Пополе во југот на планината Вич. На 5 километри на исток е село Блаца, 6 на запад – Жервени, а на 6 на југ – Тиолишта.Според месни преданија, првично селото се наоѓало во месноста Селишта, но поради разбојнички напади се преместило во месноста Мучени. Се наоѓала на патот меѓу Костур и помачкото село Жервени, ја напуштило и таа месност и се преселило на сегашното место. Во 15 век во Вишени се забележани 82 глави домаќинства. Во османските даночни регистри од срединаата на 15 век Вишени е споменато со 24 глави на семејства и четири неженети: Бојко, папа Јорг, Рајко, Никола, Јорг, Димо, Драгија, Тодор, Димитри, Јано, Ставро, Алекса, Иверко, Петко, Дидое, Тодор, Михо, Јанкос, Леко, Јоргич, Дабижив, Андронико, Михо, Јорг, Дабижив, Андронико, Михо и Јорг, и пет вдовици Трајана, Кала, Влада, Стана и вдовицата на Дидое. Општиот приход за империјата од селото е 1 920 акчиња.Во селото во 80-те години на 19 век се изградени две цркви – „Свети Никола“ (1884) и „Свети Атанас“ (1886), како и училиште.За време на Илинденското востание селото е на четири пати ограбувано и опожарувано од турски аскер. Според сведоштва на раководителите на востанието во Костурско, вклучувајќи ги Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, испратено до сите странски конзулства во Битола на 30 август 1903 во Вишени од 200 куќи остануваат само 13 не изгорени и се убиени Дине Ишков (65 год.), Гиле Сотиров (73), Сидо Бакрачев (81), поп Кочо (70), Коле Лејка (60) и Дино Калков (85). Според друг извор изгорени се 172 од 186 куќи.На 26 мај 1908 година андартскиот капитан Георгиос Диконимос Макрис заедно со Панајотис Лазопулос го напаѓа Вишени и убива 9 жени, 4 мажи, а други 3 жени се со тешки повреди.За време на Балканските војни 1912 година шест души од Вишени се доброволци во Македоно-одринското ополчение.Во 1928 година во селото има населени 2 грци. Меѓу 1914 и 1919 година 14 души од Вишени емигрираат во Бугарија, а по 1919 година – 29 души. Во селото има 29 политички убиства.Во Втората светска војна Вишени страда од италијанските окупатори. За време на Грчката граѓанска војна селото исто поднесува загуби – 159 деца од селото се изведени како деца бегалци.По војната започнува масовна емиграција во прекуокеанските земји Австралија, САД и Канада.Пописи:1913 – 1060 души1920 – 700 души1928 – 642 души1940 – 684 души1951 – 472 души1961 – 267 души1971 – 260 души1981 – 229 души1991 – 157 душиЛичности:Родени во Вишени:Анастас Дамјанов (1888 – ?), македоно-одрински ополченец, Шеста охридска дружина.Анастас Стумбов, револуционер.Васил Стумбов, револуционер од ВМРО.Георги Апостоловски (1855 – 1922), просветен деец.Георги Калков (1916-1948), партизан, деец на НОФ.Георги Христов – Драшка, револуционер, костурски војвода за време на Илинденското востание.Григор Бакрачев (1878 – 1963), револуционер.Дамјан Кузев, македоно-одрински ополченец, Втора чета на Втора скопска дружина.Дамјан Марков (1858 – 1941), кмет на Вишени, раководител на вишенскиот револуционерен комитет и член на првиот околиски комитет на ВМОРО во Костур во 1900 г.Димитар Сиљанов, македоно-одрински ополченец, Прва чета на Шеста охридска дружина.Евтим Михајлов, македоно-одрински ополченец, Прва чета на Шеста охридска дружина.Иван Апостоловски (ок. 1853 – ?), просветен деец.Јото Рашајков, револуционер од ВМОРО.Никола Рашајков (1867 – 1902), револуционер.Панајот Милошев (1927 – 1949), партизан.Пандо Иванов (1890 – ?), македоно-одрински ополченец, Прва чета на Шеста охридска дружина.Спасо Гергевски, селски војвода на ВМОРО, војвода на вишенската чета за време на Илинденското востание.Спиро Хаџиев (1873 – ?), револуционер.Тома Бакрачев (1877 – 1951), револуционер.Трпен Марков (1879 – 1903), револуционер.Христо Талев, македоно-одрински ополченец, Прва чета на Шеста охридска дружина.Починати во Вишени:Ване Христов (? – 1904), револуционер.Никола Рашајков (1867 – 1902), револуционер.Лазар Москов (1877 – 1902), револуционер.Петар Малков (? – 1908), револуционер.




