Свекрва пријавила дека снаата исчезнала, главна осомничена за уб*ството ќерката (16)

Тинејџерка (16) од украински град е уапсена поради сомнение дека со нож ја убила својата мајка (36), а потоа телото го фрлила во бунар.

Како што соопштија надлежните, исчезнувањето на жената, чиј идентитет не е познат, го пријавила нејзината свекрва. Телото било пронајдено недалеку од една куќа во изградба.

Медиумите пренесуваат дека телото на убиената мајка било прекриено со камења и стара облека, а полицијата ја привела малолетната ќерка под сомнение дека го сторила ова дело.

Се верува дека мајката и девојчето се скарале за време на викендов во кујната, по што наводно девојчето земало нож и на мајката и задала над 30 убоди. По ова, телото на мајката го ставила во градежна количка, го однела до куќата во изградба и го фрлила во бунар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*