Младиот музички талент од Охрид, Димитар Веслиевски (19), го направи својот прв официјален чекор на музичката сцена со авторската песна „Твоето име“.
Љубовта кон музиката кај Димитар се јавува уште од најраното детство, а по повеќегодишна посветена работа, учење и усовршување, тој конечно е подготвен својата емоција и креативност да ги сподели со пошироката публика.
Песната „Твоето име“ е негово прво авторско дело, за кое Димитар е потписник на текстот, а музичката реализација е направена со поддршка на реномираниот продуцент, аранжер и композитор Хари Котларовски.
Видеоспотот е снимен во студиото на Даниел Јовески, кој стои зад визуелната приказна на ова деби-издание.
Оваа композиција за младиот охриѓанец претставува почеток на едно ново музичко поглавје, а песната симболично ја посветува на сите слушатели кои ќе се препознаат во нејзината емоција.
🎶 Погледнете го видеото и уживајте во првото музичко патување на Димитар Веслиевски:
👉 https://youtu.be/e72iH_28sGo?si=x4AerxjKyd1z23KS


