Во време кога светот се соочува со предизвици, Македонците повторно покажуваат што значи вистинска човечност, солидарност и љубов кон својот народ.
Привилегија, чест и огромно задоволство е да се биде дел од една ваква благородна мисија – мисија која веќе 15 години ги обединува Македонците во Австралија околу една единствена цел: да се помогне таму каде што е најпотребно.
Австралиско-македонската хуманитарна асоцијација „Св. Архангел Гаврил“ е жив доказ дека македонското срце чука силно, без разлика на тоа каде се наоѓаме во светот. Со години наназад, тие несебично подаваат рака на оние кои се соочуваат со најтешките животни предизвици, покажувајќи дека хуманоста нема граници.
Нивната работа не е само помош – тоа е пример, инспирација и вистински патриотизам. Зашто да се биде патриот не значи само зборови, туку дела. Да помогнеш, да застанеш до својот народ, да бидеш човек – тоа е најголемата љубов кон Македонија.
Биди човек пред сè!!!

На 17 април, оваа голема хумана приказна ќе го одбележи својот 15-ти јубилеј. Вечер исполнета со гордост, емоции и благодарност – вечер кога сите заедно ќе им оддадеме почит на луѓето кои со срце ја градат оваа мисија.
Се гледаме да го прославиме овој значаен јубилеј и да им посакаме уште многу години успешна работа, уште повеќе спасени судбини и уште посилна хуманост.
🇲🇰 Затоа што Македонија живее таму каде што има луѓе со големо срце!


