Овие криминалци 4 години само ја пустошеа и пљачкаа Македонија. Ајде да зборуваме за 16 милијарди евра на граѓаните. Ајде да зборуваме за новиот долг, 4.500 евра го задолжија секое семејство. Што ветуваа, а што направија? Се сеќавате на ветувањата за 500-600 километри автопат, тие не можеа со бела лента да го обојат веќе направениот автопат од владите на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во скопски Карпош.
„Тие само потрошија 16 милијарди пари на граѓаните, да зборуваме за 6 илјади фамилии кои ги завија во црно, повеќе пд 6 илјади граѓани починаа од корона, ајде да зборуваме за економија ги ветуваа Гугл, Фејсбук, Икеа. На дното сме по домашни и странски инвестиции. Осум од 10 мои студенти ја напуштаат Македонија”, кажа Мицкоски.
Мицкоски се осврна и на актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, а и кандидат за градоначалник на Скопје и на овие избори.
„Еден мал Зоран, оној Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа во дневна соба. Скопје е единствениот град каде се гради мост од Аеродром до Ќерамидница и завршува директно во семејна куќа. Нема друг таков пример, само Петре може да изгради таков мост”, рече Мицкоски.
(Видео) Мицкоски: Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа, во дневна соба
НОВ ИЗВЕШТАЈ: ПРОНАЈДЕН ГРОБОТ НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ ВО ЕГИПЕТ?
Египетски службеник тврди дека има докази дека гробот на Александар Велики се наоѓа во Сива, Египет, објави во петокот египетски Индепендент. Во […]
Ковачевски: Ќе му кажам на Петков дека во Благоевград ќе отвориме и ние културен центар
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието, по пратеничко прашање од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, истакна дека ќе му каже […]
„СлободенПечат.мк“: Невидено насилство во малолетничкиот затвор во Охрид – Затворски чувар со „француски клуч“ тепал деца!?
Двајца малолетници, осудени на казна затвор, санкција што ја издржуваат во охридскиот затвор, биле жртви на насилство од припадник на […]
НЕ ПОСТОЈАТ НЕРАСКИНЛИВИ ДОГОВОРИ!
Секој “идентитетски договор“, имајќи го предвид фактот дека е спротивен на императивната норма или јус когенс (вроденото право на идентитет), […]