Ковачевски: Ќе му кажам на Петков дека во Благоевград ќе отвориме и ние културен центар

Uncategorized

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието, по пратеничко прашање од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, истакна дека ќе му каже да претседателот на Владата во Бугарија, Кирил Петков дека и Македонија ќе отвори Културен центар.

„Планирам директно да го информирам колегата Петков дека како Влада во текот на оваа година имаме намера да отвориме нов културен центар во Република Бугарија, во Благоевград, а името на центарот ќе го определиме во комуникација со нашиот институт за историја“, порача Ковачевски.

Ова е прва седница за пратенички прашања до членовите на Владата на премиерот Димитар Ковачевски, закажана откако поминаа 100 дена од нејзиниот избор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *