На 28.10.2021 во 02.40 часот во Полициската станица Карпош, Д.С.(25) од с.Шишево, скопско, пријавил дека во неговиот угостителски објект на ул.„Есперанто” бил физички нападнат од едно лице затоа што во корпа за отпадоци фрлил летоци од политичка партија, кои неколку други лица ги фрлиле на летната тераса. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека во Градската општа болница „8-ми Септември” со повреди бил однесен М.Ѓ.(31) од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека на ул.„Есперанто” бил физички нападнат од повеќе лица. На местото било пронајдено оставено патничко возило „фолксваген џета” со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје, во кое имало летоци и рекламен материјал од истата политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Се cтепале поради летоци од политичка партија, едно лице завршило во болницa
АВСТРАЛИЈА ФОРМИРА ВСЕЛЕНСКА КОМАНДА
Австралискиот министер за одбрана Питер Датон во вторникот воспостави нова Вселенска команда, што е чекор кон воспоставувањето Вселенски сили по […]
Пендаровски: Луѓето од 27-ми април не се терористи, поддржувам повторно отворање на случајот
Вечерва во емисијата „Само интервју“ претседателот Стево Пендаровски посочи дека луѓето од случајот 27-ми април не се терористи и треба […]
Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено
Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела […]
За неколку секунди стана пекол: Погледнете ја оваа пресметка пред ноќен клуб (ВИДЕО)
Снимките од борбата меѓу жестоките момци не се реткост, но оваа, за која се верува дека потекнува од Русија, сепак […]