На 28.10.2021 во 02.40 часот во Полициската станица Карпош, Д.С.(25) од с.Шишево, скопско, пријавил дека во неговиот угостителски објект на ул.„Есперанто” бил физички нападнат од едно лице затоа што во корпа за отпадоци фрлил летоци од политичка партија, кои неколку други лица ги фрлиле на летната тераса. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека во Градската општа болница „8-ми Септември” со повреди бил однесен М.Ѓ.(31) од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека на ул.„Есперанто” бил физички нападнат од повеќе лица. На местото било пронајдено оставено патничко возило „фолксваген џета” со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје, во кое имало летоци и рекламен материјал од истата политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Се cтепале поради летоци од политичка партија, едно лице завршило во болницa
Уште тие фалеа – ИД: Додека крстоносците водат војна во Украина, време е за акција
Портпаролот на ИД, Абу Омар ал-Муџахир изјави дека припадниците на групата подготвуваат одмазда по смртта на поранешниот водач на Абу […]
(Видео) Свиркач протече е-маилови од Фајзер: Вakцината била тестирана на ткива од абopтирани фетуси
Инсајдер на Pfizer се појави на Project Veritas со шокантни е-маил пораки со кои директори на корпорации му наредуваат на […]
Ахмети: За случувањата во Македонија сум во координација и контакт со ЕУ и Нато !!
Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, на својот Фејсбук профил вечерва напиша дека состојбата создадена со оставката на […]
(Видео) Пожар избувна во скопски ресторан за време на свадба
Во центарот на Скопје се запали ресторанот „Рагуза“, кој е над катната гаража „26 Јули“, спроти седиштето на „Макпетрол“. Од […]