Путин: „Не ми е пријатно да зборувам за тоа, но работев како таксист“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, кога во текот на 90-те години на минатиот век, ја изгубил работата во градското собрание во Санкт Петербург повремено морал да работи како таксист за да заработи за живот.

Во инсертите од документарниот филм „Нова историја“ кои биле прикажани на телевизијата „Русија 24“, претседателот на Русија зборува за тешката економска ситуација во која Русија се наоѓала во последните децении од минатиот век.

Поради тоа, голем број на квалификувани експерти – научници, адмирали, работеле како физички работници.

„Некогаш морав да работам како таксист. Не ми е пријатно да зборувам за тоа, за жал. Но, и тоа се случи“, раскажал Путин.

Путин останал без работа бидејќи неговиот поранешен шеф, професорот Анатолиј Собчак, ги загубил изборите за градоначалник на Санкт Петербург.

Во тимот на Собчак во градската управа на Санкт Петербург, Путин ја водел меѓународната соработка во Санкт Петербург. Во градското собрание во Санкт Петербург, Путин запознал млади, способни луѓе, меѓу кои и Дмитриј Медведев, кого подоцна го префрли во Москва. Луѓе на кои им верувал од во тоа време и тие подоцна заземаа значајни функции во големи државни компании.

Поради добрите односи со луѓето во претседателската администрација, на Путин му била понудена работа и се преселил во Москва.

Тој бил предложен од Павел Боридин, кој бил задолжен за економските прашања во претседателската администрација.

Освен Бородин, на Путин во тоа време му помагале и неговите сонародници од Санкт Петербург кои веќе работеле во претседателската администрација и биле моќни луѓе, а тоа се Анатолиј Чубаис и Алексеј Кудрин.

Путин брзо напредувал, бидејќи за време на владеењето на Елцин се здобил со репутација на доверлив и вреден човек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*