Скопјанец застрелал човек на Матка мислејќи дека е дивеч
Вчера околу 21.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода Р.К.(64), поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Во 21.30 часот во Полициското одделение Сарај тој пријавил дека во с.Горна Матка, додека бил на лов и чекал диви свињи, застрелал човек, мислејќи дека е дивеч. […]
ПОВЕЌЕ