Предлог да се одземе бугарското државјанство на оние кои нема да се изјаснат како Бугари на пописот

Uncategorized

Да им се одземе бугарското државјанство на оние кои нема да се изјаснат како Бугари на пописот во Македонија. Ваков предлог има во Бугарија. 

Фондацијата „Македонија“ ќе испрати писмо до претседателот на Народното собрание и до претседателот на државата со цел, да се воведат промени во Законот за бугарско државјанство, пишуваат бугарски „Факти“.

„Да им се одземе бугарското државјанство на оние лица, кои во С.Македонија се декларирале со различна етничка припадност од бугарската, а имаат добиено бугарско државјанство врз база на етничката свест како Бугари. Тоа е прикажување на невистините информации пред службите и органите на Бугарија“, изјави за БНР, Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“.

Но, од друга страна има реакции затоа што во Бугарија на попис воопшто нема графа за Македонци. Од денеска почнува електронскиот попис во Бугарија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *