19 декември 2021 година, Прилеп, Македонија – На денешен ден, на 19 декември 1921 година, пред 100 години, во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Блаже Конески е еден од кодификаторите на современиот Македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност. Неговото творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на Македонскиот јазик и во областа на културната историја на Македонскиот народ.Блаже Конески потекнува од познатиот прилепски сој Љаме (Љамев’ци’, Љамески), од гранката Конески (по поглаварот Коне, неговиот дедо).Основното образование го започнал во Небрегово, но по преселбата го продолжил и завршил во Прилеп, каде завршил и нижа гимназија. Како најдобар ученик во училиштето, како стипендист, оди во Крагуевац да учи виша гимназија која ја завршува. По завршувањето на гимназијата во Крагуевац, се запишува на Медицинскиот факултет во Белград, но после еден семестар следи студии по филологија, а по капитулацијата на Кралството Југославија, на Софискиот универзитет “Свети Климент Охридски“ продолжува да студира филологија. Со оглед на тешката положба во која се наоѓале Македонците во Кралството Југославија и во Царството Бугарија, Конески на Универзитетот во Белград се запишува како Благој Коневиќ, а на Универзитетот во Софија како Благој Конев.Конески по ослободувањето во Втората светска војна активно се вклучува во стандардизирањето на Македонскиот јазик и ја изработува граматиката на современиот Македонски јазик. Го составил и правописот на Македонскиот литературен јазик, а исто така бил уредник на “Речникот на Македонскиот јазик“.Конески е основач на студиите по Македонистика на Скопскиот универзитет, а во периодот од 1958 до 1963 бил ректор на универзитетот.Во 1967 станува член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и е нејзин прв претседател (до 1975). Исто така, бил член на Македонскиот ПЕН центар и еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија во 1947 година и негов прв претседател.Работел како уредник на литературните списанија “Нов ден“ и “Македонски јазик“, а бил и редовен соработник на списанието “Современост“, каде биле објавени негови песни и прилози, како “Ангелот на Света Софија“, расказот “Крчмите“ (по кој била снимена првата македонска ТВ драма) и други текстови.Блаже Конески е прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, почесен доктор на Чикашкиот универзитет и на Универзитетот во Врацлав. Конески бил член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ.Неговото прво дело, поемата “Мостот“, ја објавил непосредно по војната во 1945 година, а потоа следуваат “Земја и љубов“, “Песни“, “Везилка“, “Лозје“, “Записи“, “Стари и нови песни“, “Чешмите“, “Послание“, “Светото на песната и легендата“ и други.Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на “Граматика на Македонскиот јазик“, “Историја на Македонскиот јазик“, “Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на Македонската поезија“. Творештвото на Конески е богато и опфаќа голем број прозни, поетски, есеистички и други дела: Мостот (Култура, 1945), Песни (со Ацо Шопов, Славко Јаневски, Гого Ивановски и Лазо Каровски, Главен одбор на НОМС, 1946), Од борбата (Државно книгоиздателство на Македонија, 1947), Земјата и љубовта (Државно книгоиздателство на Македонија, 1948), Македонски правопис со правописен речник (со Крум Тошев, 1950), Граматика на Македонскиот литературен јазик (прв дел, 1952), За Македонскиот литературен јазик (1952), Песни (Кочо Рацин, 1953), Граматика на Македонскиот литературен јазик (втор дел, 1954), Везилка (Култура, 1955), Лозје (Кочо Рацин, 1955), Везилка (второ, дополнето издание) (Култура, 1961), Речник на Македонскиот јазик (1961)Песни (Кочо Рацин, 1963), Историја на Македонскиот јазик (1965), Речник на Македонскиот јазик (книга втора, 1965), Речник на Македонскиот јазик (книга трета, 1966), Стерна (Мисла, 1966), Песни (со Рацин, Вапцаров, Неделковски, Јаневски, Шопов, Ивановски, Тодоровски, Матевски, Андреевски, Поповски, Наша книга, 1967), Ракување (Мисла, 1969), Јазикот на македонската народна поезија (1971), Везилка (Македонска книга, 1971), Беседи и огледи (1972), Записи (Македонска книга, 1974), Стари и нови песни (Стремеж, Прилеп, 1979), Лозје и песни во проза; Места и мигови (Мисла, 1981), Игра со дете (Мисла, 1982), Чешмите (поезија, 1984), Македонскиот 19 век, јазични и книжевно-историски прилози (1986), Ликови и теми (есеи, 1987), Послание (Култура, 1987), Тиквешки зборник (студија, 1987), Средба во рајот (Мисла, 1988), Дневник од Нишка бања (Разгледи, 1988), Црква (Мисла, 1988), Дневник по многу години (Македонска книга, 1988)Златоврв (Македонска книга, 1989), Поезија (Константин Миладинов), читање на Блаже Конески (1989), Сеизмограф (Мисла, 1989), Македонски места и теми (есеи, 1991), Небесна река (Македонска книга, 1991), Светот на легендата и песната (есеи и прилози, 1993), Црн овен (Култура, 1993)…Во македонската современа општествена стварност, во смисла на одбрана на македонската држава и македонскиот јазик, како темели на македонскиот национален и историски идентитет е позната неговата максима: “Јазикот е нашата единствена целосна татковина“. Добитник е на наградите: “11 Октомври“, “Гоце Делчев“, “Браќа Миладиновци“, “Ацо Шопов“, Хердерова награда, Његошева награда, Награда на АВНОЈ, “Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1981, “Скендер Куленовиќ“, Награда на Сојузот на писателите на СССР, Награда за книжевен опус на “Мисла“, Рациново признание, “13 Ноември“ и други.Од 4 јуни 1997 година Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име. Блаже Конески почина на 7 декември 1993 година.
На денешен ден, на 19 декември 1921 година, пред 100 години, во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески
Петков: Бугарија и Македонија заеднички ќе ја чествуваат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
На 4 февруари Бугарија и Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање, најави бугарскиот […]
Непостоечки гробишта во Кавадарци нов проблем во односите со Бугарија
Без официјална информација за тоа што навистина се случило со бугарските воени гробишта кај Кавадарци, Бугарија и претседателот Радев со […]
(видео)Има ли Македонец со ќе остане рамнодушен на ова?
Преполна сала, громогласен аплаус,Знамето од кутлеш,извикувања Македонија,земјо Македонска,ова беше прикажано на концертот на Танец кој го одржа во Сиднеј. погледнете
ПУТИН СО ПОРАКА ДО ФИФА: АКО РУСИЈА НЕ ИГРА БАРАЖ ЗА СП ВО КАТАР, ТОГАШ НЕМА ДА ИМА НИ МУНДИЈАЛ!
Како што продолжуваат воените дејствија во Украина по инвазијата на Русија, така од ден на ден се зголемуваат мерките и […]