Говорот на Путин ги изненади сите: Окупацијата беше неопходна и навремена, НАТО е закана за Русија

epa09187040 Russian President Vladimir Putin attends a wreath laying ceremony at the Tomb of the Unknown Soldier near the Kremlin wall after the Victory Day military parade in Moscow, Russia, 09 May 2021. Russia holds its Victory Day parade annually on 09 May to mark the surrender of Nazi Germany in 1945. EPA-EFE/MIKHAIL METZEL/ KREMLIN POOL/SPUTNIK MANDATORY CREDIT

Во говорот на претседателот Путин на Денот на победата немаше голема најава, како што некои очекуваа. Но, во своето обраќање, лидерот на Кремљ повторно се обиде да ја оправда руската окупација на Украина, велејќи дека НАТО и Украина создаваат закани „неприфатливи за нас“ на руските граници, јавува Би-Би-Си.

Путин го започна говорот порачувајќи има на руските борци дека сега се борат за безбедноста на Русија, а им го честиташе денот на „голема победа“ на ветераните.

Окупацијата беше неопходна и навремена

Спроед Путин, руската „специјална воена операција“ во Украина, како што Кремљ ја нарекува окупацијата, била неопходна и „навремена“ мерка. Тој говореше дека тоа е „правилна одлука“ на независна, силна и суверена земја.

Говорејќи на Црвениот плоштад во Москва, тој рече дека Западот „се подготвува за инвазија на нашата земја, вклучувајќи го и Крим“.

НАТО е „очигледна закана“ за Русија

Путин рече и дека во текот на изминатата година имало тензии со другите европски нации и со НАТО. Според него, Русија „ја повика Европа да најде фер компромис, но тие не сакаа да нѐ слушнат“. Тој најави дека Русија подготвува казнена операција во Донбас, во источна Украина, каде што операциите на Русија сега се фокусирани.

– Во Киев велеа дека може да добијат нуклеарно оружје и НАТО почна да ги истражува териториите блиску до нас и тоа стана очигледна закана за нашата земја и за нашите граници. Сè ни кажуваше дека има потреба да се бориме – зборуваше Путин на Црвениот плоштад.

Минута молк за убиените Руси

Путин повика на едноминутно молчење за 27 милиони Руси убиени во Втората светска војна, но и за војниците кои се борат за Русија во Донбас.

Тука заврши краткиот говор на Путин, а руската војска го поздрави. Потоа се слушна руската химна додека се пукаше со топови.

Паради по повод денешниот ден се одржуваат во 28 руски градови во кои учествуваат 65.000 луѓе, 2.400 парчиња воен хардвер и повеќе од 400 авиони.

Меѓу другото, големите воздушни акробации на руските авиони во Москва, кои се очекуваше да го направат симболот „Z“ во небото беа ненадејно откажани „поради временските услови“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На денешната парада немаше гости од странство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*