Јустинијана Каневчева – Герџикова – Јанка (11 јуни 1878, Охрид – 3 март 1920, Пловдив) македонска револуционерка, деец на ВМОРО, големата љубов на Гоце Делчев.

Јанка детството го поминала во Охрид, подоцна со семејството се преселиле во Софија, каде во 1896 година завршила гимназија, по што го продолжила образованието на Софискиот универзитет студирајќи филозофија.

Нејзиниот братучед Климент Шапкарев ја запознал со Гоце Делчев, под чие влијание стапила во ВМОРО.

Од 1900 до 1904 година Јанка била учителка во Скопското женско егзархиско училиште. Во Скопје таа учествувала во револуционерната женска група „Света Троица“ на учителката Славка Чакарова-Пушкарова од Струга, заедно со Љуба Ќупева од Велес и Амалија Примџанова.

За време на Илинденското востание. Каневчева внесувала храна, облека и оружје. Во 1904 година била учителка во Самоков, Битола, Одрин, Просечен, Плевна, Тиквеш и секаде се вклучува во револуционерното движење. Во Самоков под раководство на Делчев заедно со Светослав Мерџанов и други учествувала во правењето бомби.

Позната била големата љубов помеѓу Јанка и Гоце Делчев. По смртта на Гоце Делчев, во 1907 година Каневчева се омажила за Михаил Герџиков. Од бракот имаат ќерка – Магдалена.

Починала во 1920 година од туберкулоза во Пловдив.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*