
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили уништиле големо количество воена опрема од САД и европските земји наменети за Украина во близина на железничката станица Богодухов во областа Харков.
Министерството соопшти дека во текот на ноќта погодило 18 украински воени објекти, вклучително и три складишта за муниција во Дачноје, во близина на пристанишниот град Одеса, пренесе Интерфакс. Руската противвоздушна одбрана синоќа собори 17 украински беспилотни летала, три ракети Point-U и девет ракети Смерч, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, јави ТАС С.
Leave a Reply