Украинските борци во Азовстал не се предаваат – се „заколнале дека ќе издржат до крај“

Украинските борци кои се борат со руската војска во тунелите на челичарницата Азовстал во Мариупол и понатаму одбиваат да се предадат, а сопругата на еден од нив изјавила дека се заколнале дека „ќе издржат до крај“.

Борбите во последното упориште на украинската армија во Мариупол стануваат се потешки, а се шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин сака целосно да го освои Мариупол и да прогласи брз напредок во војната пред Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, кој се слави во понеделник.

„Нема да се предадат. Тие само се надеваат на чудо“, изјави Катерина Прокопенко, сопругата на Денис Прокопенко, командантот на единицата Азов кој остана во челичарницата.

Генералштабот на украинската армија денеска соопшти дека продолжува блокадата на одбранбената единица за челик Азовстал и дека Русите со помош на авијацијата ги продолжиле нападите за да ја преземат контролата врз тој индустриски комплекс.

Британската армија денеска соопшти дека верува оти Русија сака да ги преземе Мариупол и Азовстал пред Денот на победата во Втората светска војна, на 9 мај.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*