Сè што е повредно од 50.000 евра, а сомнително стекнато, ќе се конфискува – овај закон ги опфака естрадните уметници но и музичарите!

Со итни постапки до конфискација на нелегално стекнат и непријавен имот, но наместо во кривична, во граѓанска постапка. Ова е дел од новиот Закон за конфискација во граѓанска постапка чија првична верзија е објавена од Министерството за правда на ЕНЕР. Конфискацијата ќе се врши на сечиј имот за кој постои разумно сомневање е стекнат незаконски, а обвинителот утврди дека нема докази за да се води кривична постапка за истиот имот или за конкретен сторител.

„Кога јавниот обвинител за имотот оцени дека постои разумно сомневање дека истиот не е стекнат од законски извори, должен е веднаш да достави до Управата за финансиска полиција известување заедно со целокупната обезбедена документација за испитување и прибирање на податоци за изворите и начините на кои е стекнат имотот“, се наведува во предлог законот за конфискација во граѓанска постапка.

Финансиската полиција потоа треба да провери дали имотот е стекнат на законски начин, а во случај да утврди дека не е, постапката во граѓански итни парници во име на државата ќе ја води Државниот правобранител. Предложеното законско решение предвидува, тужениот, сопственикот на сомнителниот имот да докажува дали имотот му е легален. Доколку во постапката не се утврди законитост на имотот, тој се одзема. За да се почне постапка, сомнителниот имот наводно обезбеден од незаконски извори мора да биде повисок од 50.000 евра.

Ваков начин на конфискација се применува со антимафијашкото законодавство во Италија кога во постапка за конфискација се цели имотот стекнат од криминалните групи и криминалци кои се во бегство, недостапни или се починати. Во македонското законодавство, голем проблем беше токму со криминалните структури чии нелегални пари и имоти не беа опфатени со кривични постапки за дела како што се трговија со дрога, рекет, мито или проституција. Законот опфаќа и имот на македонски државјани надвор од државата, но и имот на странци или странски фирми во Македонија. Со законот се опфатени естрадните уметници,музичарите и функционери кои доколку имаат сомнителен непријавен имот над 50.000 евра по курсот од 2007 година, ќе мора да докажат како го стекнале за да не им го земе државата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*