Осум лица загинаа во тешка автобуска несреќа во Унгарија што се случи утрово.Автобус со унгарски патници излета од автопатот М7 што ја поврзува Будимпешта со езерото Балатон.
Автобусот со педесетина патници, со унгарски регистарски таблички, од засега непознати причини, во 4:55 часот по локално време, удрил во столб на надвозник на автопатот, околу 70 километри југозападно од Будимпешта, објави унгарската полиција на својата официјална веб-страница.
Две лица се тешко повредени, а 46 се со полесни повреди.
Автобусот се превртел, а причината за несреќата се уште не е разјаснета, соопшти полицијата.


