42- годишната Станка Димова е сопруга и мајка, детството го поминува со неколку преселувања, поради разедиувањето на нејзините родители.
Но ако го сумира нејзиниото детство таа го поминала добро, а проблемите во животот и се појавуваат кога таа ги губи најблиските.
Најпрво татко и па брат и, а пред две години и нејзината мајка, моменти кој ќе и остават трајна трага во нејзиниот понатамошен живот.
– Имав убаво детство, мајка ми многу не чуваше и ни угодуваше, имавме добро детство, за жал таа по чина пред скоро време бидејќи ја имаше лошата болест, вели Станка.
– Проблеми имавме и претходно, поради долгови, после мајка ми навистина лошо…. Брат ми го изгубив кога имав само 19 години.
Пред 12 години таа се запознала со својот сопруг со кога ќе има дете, а токму Александар е причина поради која таа денес трпи бол ки, и се бо ри за да опстане.
– Со сопругот се запознавме во кафулето каде што работев, одевме 2-3 недели и потоа решивме да се венчаме, набрзо го добивме и Александар кој сега има 7 години.
– Многу нервози, нервите попуштија до многу голем степен, имаше денови кога лазев по подот и немав сила за ништо друго.
– Еден ден се беше затнала кадата, и отидов до маркет купив солна киселина и отидов да става за да ја одзатнам, отидов и ставив.
– Почувстував голема бол ка во главата и тоа е последно што се сеќавам, а потао се разбудив во болничкиот кревет со изгореници.

– 70 проценти од телото ми беше изгорено, Бог сакал да преживеам, никогаш не би ни помислила да посегнам по својот живот, вели во солзи Станка.
– Сум имала проблеми и претходно, но сега, навистина тешко, да те гледа ќерката како се храниш преку цевка е неописливо и многу жално.
– Синот цело време ме прашува мамо кога ќе ти го тргнат тоа, кога ќе ти биде потребно, сето тоа не е за пред очи на детето да се гледа.
– Долгов време бев во болница некаде околу 2 месеци, во сите можни установи, а откако ми ја ставија цевката, килажата нагло ми падна.
– Многу е тажно кога си го храниш детето и да неможеш да го пробаш тоа што му го даваш, бидејќи изгорениците се до грлото.
– Си го хранам детето и си плакам, поголем грев од тоа нема, му ставам на маса и се тргам да не гледам, за да не плачам пред него, вели оваа храбра мајка.
– И храната што ја внесувам не смее да биде зачинета или со некоја силна арома, односно мора да биде лесна храна, бидејќи сонтата е поврзана со тенкото црево и оди директно.
– Неможам да стојам многу долго, морам да лежам, цело време во овој кревет сум, се случувало и по еден месец да не сум се бањала.

– Многу ми е тешко да отидам до бањата и мора да одлепувам многу и да внимавам многу, а пак хранењето е исто така исцрпувачко, морам по малку.
– Има можност со која животот би ми се променил а тоа е опе рција во Белград која е специјализирана за вакви случаеви.
– Но нашите овде немаат слух за мене, ме игнорираат, хуманитарната организација ,,Љубезност,, прати допис до болницата а тие кажаа дека од 17 до 19 илјади евра е само зафатот.
– А се останато е плус, и престојот и се останато, тие луѓе од организацијата од петни жили пробуваат буквално се да направат.
– Но каде и да отидат тие налетуваат на затворени врати, имам извршители на сметка, и донациските трансакциски неможам да ги отворам.
– Државата односно фондот обезбедуваат средства имаше случај и пред мене сличен таков, но за мене нема, а од кој причини незнам.
– Голема желба ми е да ми дозволат да отворам трансакциска донаторска сметка, каде не ми помагааат, каде не ми даваат ниту да отворам сметка, со која можеби некој друг би ми помогнал.
– Се надевам сеуште има добри луѓе во земјата, со чија помош би отишла на опер ација и би била поддржка за синот и да го исраснам.

