Експлозија одекна пред влезот на аеродромот во Кабул, пренесуваат медиумите. Очевидци велат дека бомбаш -самоубиец се разнел. Според Си -Ен -Ен, има повредени меѓу Авганистанците.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, на Твитер потврди дека имало експлозија на аеродромот. Американскиот претседател Џозеф Бајден беше информиран за настанот.


