ИЛИНДЕН 2026 – МАКЕДОНСКОТО СРЦЕ ЌЕ ЧУКА ВО МЕЛБУРН! 🇲🇰

На 1 август 2026 година, македонската дијаспора во Австралија ќе доживее вечер исполнета со емоции, патриотизам, песна и гордост! Под знамето на Македонија и духот на Илинден, во срцето на Мелбурн ќе се одржи голема македонска прослава која веќе предизвикува огромен интерес кај нашинците ширум Австралија.

Настанот ќе се одржи во престижниот Sheldon Reception, еден од најлуксузните reception центри во Мелбурн, кој е во сопственост на Македонци – уште еден доказ дека македонскиот народ остава силен белег каде и да се наоѓа во светот. Локацијата е позната по врвната организација, елеганцијата и спектакуларните настани, а овојпат ќе биде обоена во црвено-жолтите бои на Македонија.

За незаборавната атмосфера ќе се погрижат познатите македонски музички имиња Сања Ристеска, Петар Дамчески, Тијана Степановска и Тоше, кои со своите настапи ќе донесат вистинска македонска емоција, многу песна, игра и забава до раните утрински часови. Публиката ќе има можност да ужива во македонски хитови, народни песни и патриотски рефрени кои секогаш ги обединуваат Македонците низ целиот свет.

Вечерта ќе биде исполнета со македонски дух, традиција и силна емоција, а присутните ќе уживаат и во богато трoходно мени, пијалоци и врвна организација. „Илинден 2026“ нема да биде само музички настан, туку вистинска прослава на македонскиот идентитет, историја и непокор.

Од најмладите до најстарите, сите ќе бидат дел од една голема македонска фамилија обединета под знамето на Македонија. Мелбурн уште еднаш ќе покаже дека македонската традиција, песна и патриотизам живеат силно и далеку од татковината. 🇲🇰

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*