По огромниот интерес и позитивните реакции од публиката, урнебесната комедија „Охридски лудории“ повторно ќе биде прикажана во Битола!
Филмот, кој донесе многу смеа, забава и одлична атмосфера, повторно се враќа пред битолската публика на 27 мај 2026 година (среда) со почеток во 19:30 часот во Центарот за култура – Битола.
Станува збор за вистински хит кој нуди повеќе од 90 минути чиста смеа и забава, исполнети со интересни ликови, неочекувани ситуации и препознатлив охридски хумор кој публиката со воодушевување го прифати.

Организаторите велат дека токму поради големото барање од гледачите, филмот повторно добива проекција во Битола, што е уште една потврда за неговата популарност и успех.
Влезниците се по цена од 250 денари и може да се набават во Tovacco Brothers 1 – Широк Сокак.
Доколку сакате вечер исполнета со позитивна енергија, смеа и добра забава – „Охридски лудории“ е вистинскиот избор.
Не пропуштајте – Битола повторно ќе се смее!



