Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистички цели од страна на големите сили и’ е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу крвави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: „Слобода или смрт!”Меѓутоа, поради настаните и ослободувањето на голем број села од нашите востаници и вопијуштите потреби да се воведе еден ред во земјата каде што дејствуваат востаниците, решивме да поднесеме едни правила од Македонскиот востанички комитет, односно Устав, по кој сите ќе се управуваме и сите ќе ги исполнуваме додека не ја ослободиме целата наша татковина Македонија.1.Востанието во Македонија, кое сега е уште локално, треба да се прошири низ цела Македонија.
2.Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија, кои се чувствуваат Македонци и ја сакаат слободата на својата татковина.3.Во востанието можат да учествуваат и сите македонски жители, без разлика на вера и народност, стига да ја сакаат слободата.4.Сите доброжелатели на Македонците од соседните и подалечните земји можат да учествуваат во Македонското востание, ако му се покоруваат на Македонскиот востанички комитет и искрено се залагаат за ослободување на Македонија.5.Им се дозволува на таканаречените Благотворителни комитети надвор од Македонија да го помагаат востанието, меѓутоа главен предмет и грижа да им биде: собирање на парични помошти, оружје со принадлежностите, облека од секаков род и вид и со готовност да ги испраќаат во однапред определени места, за да се доставуваат на востаничкиот терен; исто така и храната (да се доставува б.р.) до востанатите места, ако тоа го бара нуждата, а посебно прехраната и облеката во оние места каде што селата и куќите се разорени ли ќе бидат разорени.6.Се повикуваат доброволците надвор од Македонија кој е вистински доброволец и вистински пожртвуван љубител на татковината и сочувственик на оние што страдаат, со својот труд и со својата пот, на сопствена издршка да дојде до местото каде што ќе се приклучи во редовите на востаниците и ќе му се даде оружје и се што е нужно.7.За мрзливците, крадците и арамолепците нема место меѓу македонските востаници, како што нема место на слични наемници, кои се покажаа силеџии рамни на турските башибозуци, од кои произлезе и произлегува големото беспокојство во народот. Такви доброволци не му се потребни на делото. Подобро е да си одат по своите места од каде што се дојдени и да си ги гледаат своите интереси.8.Секој доброволец од каде и да е и каков и да е, нека си ги обуе опинците, да си оди мирно, спокојно, блародно и благодетно за насушниот леб што ќе му го дадат по патот до означеното место, и извршувајќи ги општите распоредби.9.Нашата цел на Македонското востание не е никаква тајна. Таа е ослободувањето на Македонија, земјата на славните словенски просветители и учители св. Кирил и Методиј, која со векови страда под турското иго. Затоа секој што не се бори за нејзиното ослободување, туку си прави своја сметка за него нема место во востанието.10. Од сега во иднина секој доброволец, востаник и арамија е дожен најнапред да дојде до Македонскиот востанички комитет на сопствен трошок, со пушка мартинка, со кама, со сабја или јатаган и со 100 куршуми, без да бара такви нешта од Востаничкиот комитет, кој се грижио за се’ што е потребно за востанието. И тој што сака да испрати се’ што е потребно за востанието, да го испраќа до главната управа на востанието, а не да го предава на приватни лица.ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Пристапете директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Leave a Reply