Бугарската амбасада во земјава испратила барање до министерството за правда и министерот Бојан Маричиќ да се дозволи на советник во амбасадата да го посети бизнисменот Орце Камчев, кој од март годинава се наоѓа во притвор во затворот во Шуто Оризари како обвинет во предметот „Плацови на Водно“.
За ова денеска на рочиште во судот информираше судијата Илија Трпков, кој го води судскиот процес и даде согласност да се оствари таа посета.



