Таа на социјалните мрежи сподели фотографии од свеченото доделување на дипломите, облечена во униформа која традиционално ја носат студентите на овој важен чин. По објавата, пристигнаа голем број честитки од нејзините фанови, кои ги има во изобилство и во Македонија и во Бугарија.
Василија студираше за тренер по пливање и професор по физичко воспитување. Во едно неодамнешно интервју откри дека наскоро ќе дипломира, а тоа ветување сега и го исполни.
Покрај образованието, пејачката е активна и на музичката сцена – често патува од Бугарија кон Македонија и низ целата земја каде има настапи. Исто така, неодамна најави и турнеја во Австралија, која ќе биде дел од проектот „Имат-немат“ во организација на ИНТВ.


Leave a Reply