ИВАНОВ ВО АВСТРАЛИЈА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ: ПОЗНАТО СО КОЈ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ И ШТО ЌЕ ПРАВИ ТАМУ

На покана на македонската добротворна организација од Австралија (MCWA), поранешниот претседател Ѓорге Иванов ќе биде покровител на неколку настани од добротворен и хуманитарнен карактер кои ќе се одржат овој и следниот викенд во Мелбурн и во Сиднеј.

Настаните, како што соопштија од Кабинетот на Иванов, се организирани од неколку организации на македонската дијаспора од Мелбурн и Сиднеј и се за поддршка на повозрасните лица од македонската заедница во Австралија.


Иванов, се вели во соопштението, со подршка на овие хуманитарни активности се очекува да ја подигне свеста за можноста да се помогне и придонесе за подобар третман на повозрасните лица од македонската заедница.

– Сите овие настани се поттикнати од фактот што австралиската Влада веќе има започнато промени и воведено реформи за поддршка и нега на возрасни лица од сите заедници кои живеат во државата, додаваат од Кабинетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*