Попладнево пожарите во Општина Новаци се проширени на нови локации.
Според градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски огнот се прошири кон селото Тепавци и постоеше опасност да биди загрозено селото, меѓутоа со навремена интеренција на пожарникарите, екипи од РЕК Битола, доброволци, локално население, тој е локализиран и не е дозволено да навлези во селото.
Огнените јазици се движат и кон селото Балдовенци во кое што нема жители, меѓутоа има црква и штали. Околу нив, како што вели Стевановски има екипи на противожарната едница кои ги обезбедуваат и нема да се дозволи да се загрозат објектите и имотите.
Исто така, вели градоначалникот на Новаци постои опасност дека огнот може да навлези во делот на РЕК Битола и рудникот Брод-Гнеотино, меѓутоа во заедничка координација со противпожарната единица на РЕК Битола и противпожарните екипи од Битола, внимателно се следи оваа состојба и нема да се дозволи пожарот да навлези.
Како што претходно овјавивме пожарот кој зафати делови од Општина Новаци се движи и кон селото Паралово и тамошниот манастир „Св. Ѓорѓиј“,
Отецот и членовите на црковниот одбор на манастирот „Св.Ѓорѓиј“ упатија апел за спасување на манастирот од огнените јазици.
Leave a Reply