Мигранти КИДНАПИРАЛЕ МИГРАНТИ

Грчката полиција уапси група мигранти под обвинение за киднапирање на пет странски државјани, наводно Индијци.

Наводно, групата ги држела еден ден во шумска област во градот Поликастро, на северот од земјата.

Петмината илегално пристигнале во Грција, од каде што барале начин да го продолжат патувањето, најверојатно во северна Европа, а полицијата вчера ги лоцирала и спасила, а исто така ги уапсила наводните сторители на киднапирањето, млади луѓе, мигранти од Авганистан и Пакистан, меѓу нив и 16-годишник, пренесува Катимерини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*