Исчезнато е 27-годишно момче, семејството бара помош

СВР Струмица информира дека вчера во 20:45 часот во Полициската станица во Струмица, В.М.(30) од Струмица пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат Никола М.(27) од Радовиш, кој времено престојувал кај неа. Неговото семејство апелира до граѓаните доколку го имат забележано да ги контактираат. Од СВР Струмица велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ПОВЕЌЕ

Зошто Македонија е единствена држава каде сертификат за прележан Ковид важи само 45 дена?

Колку вистински прележаните со Ковид-19 се обесправени со новите предлог рестриктивни мерки? Дали навистина тие што ја поминале болеста и стекнале природен имунитет, но не се вакцинирани се биолошки ризик и за да одат на работа мора двапати неделно да прават ПЦР? – Ова се дел од бурните реакции на социјалните мрежи, особено што потврдата […]

ПОВЕЌЕ

Илјадници луѓе во Австралија излегоа на протести против вакцинацијата

Неколку илјади луѓе излегоа денеска на улиците во Австралија за да протестираат против обврската да се вакцинираат против Ковид-19, додека помали групи се собраа да ги поддржат мерките што ја направија земјата една од оние со највисока стапка на вакцинација во светот. Речиси 85 отсто од Австралијците постари од 16 години се целосно вакцинирани против […]

ПОВЕЌЕ

Шаленберг им се извини на Австријците кои ја слушале државата

Австрискиот канцелар Александар Шаленберг денеска им се извини на граѓаните кои, како што рече, досега направиле се како што треба, поради одлуката за карантин, што ќе стапи во сила од понеделник. – Ниту едно управување со криза не е без грешки. Сакам да се извинам. Им се извинувам на оние граѓани кои досега направија се […]

ПОВЕЌЕ

Филипче: Граѓаните имаат избор или да прават ПЦР тест што сами го плаќаат, или да се вакцинираат бесплатно

Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата 360 степени вчеравечер појасни дека со новите мерки не станува збор за принудна вакцинација, туку на граѓаните им е оставен избор – или да приложат негативен ПЦР тест кој треба да го платат сами, или да се вакцинираат бесплатно. -Не станува збор за никаква принудна вакцинација како што се […]

ПОВЕЌЕ