ЛИЧНО СВЕДОШТВО: Љуљзим и Медина раскажаа за пеколот на автопатот

Младата двојка која ја преживеа трагедијата во Бугарија, 26-годишниот Љуљзим Сулејмани од Прешево и неговата свршеничка, Медина Љутфи (25) од кумановски Сопот, од софиската Клиничка болница го раскажаа пеколот што го доживеале на автопатот, кога изгоре автобусот на туристичката агенција „Беса Транс“ и животот го загубија 45 луѓе. Сулејмани го скршил прозорецот од автобусот и […]

ПОВЕЌЕ

30.000 петарди и еден тон нафта се швepцувале во автобусот на „Беса Транс“ кој однесе 45 животи?

Според првичните наоди на бугарската полиција за несреќата на автопатот Струма во Бугарија, автобусот на туристичката агенција „Беса Транс“ изгорел целосно за неполни две до три минути, а токму тоа е причината за големиот број починати патници. Според првичните наоди на полицијата пожарот започнал во предниот дел на автобусот. Според информации од истрагата Инфомакс неофицијално […]

ПОВЕЌЕ

НЕ БИЛ ПРИЈАВЕН: Автобусот на „Беса Транс“ не е во базата на податоци на Министерството за транспорт

Автобусот на „Беса Транс“ во кој во вторникот загинаа 45 луѓе на автопатот во Бугарија, не бил пријавен кај надлежните институции во земјата, дознава Дојче веле. Во Министерството за транспорт и врски се уште е во тек анализата на документацијата на превозникот „Беса Транс“, на неговите автобуси како и на пријавените професионални возачи. Досегашните податоци […]

ПОВЕЌЕ

Заминаа на пат без враќање

Пред само еден ден, уживаа во убавините на Истанбул. Последната фотографија на четиригодишните близнаци Луан и Албан Ахмети, нивните родители ја објавиле синоќа, пред да тргнат на кобниот пат. Смртта ги затекна во прегратките на мајка им, која безуспешно се обидувала да ги спаси од огнот и да излезе нив влезната врата од запалениот автобус. […]

ПОВЕЌЕ

Не се знае точниот број на починати, можно е да имало префрлање од еден во друг автобус

Иако првично се тврдеше дека во автобусот, кој се запали во Бугарија, имало 52 патници, од кои 46 настрадале, сепак сега се тврди дека оваа бројка не е прецизна. Поточно, министерот за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков, откри дека не се знае точната бројката на патници во автобусот, бидејќи наводно во конвој возеле четири […]

ПОВЕЌЕ

Владата прогласи тридневна жалост

Владата попладнево на седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост во Република Северна Македонија поради автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, потврдија за МИА од владината прес-служба. Државните знамиња пред Владата се спуштени на половина копје.

ПОВЕЌЕ

(Видео) На лице место, Русковска разговарала со сопственикот на БЕСА ТРАНС: Автобусите биле стари само три години, повеќе верува на дokaзи отколку на сведоци

Првичните информации велат дека автобусот на Беса Транс кој ужествуваше во стравична несреќа во која 45 лица го загубија својот живот се стари само три години истакна Борислав Сарафов, директор на Националната истражна служба, тело на бугарското обвинителство. Во моментов на лице место се обвинителот Љубомир Јовевски и обвинителката Вилма Русковска која на местото на […]

ПОВЕЌЕ

Објавени имињата на 7-те лица кои ја преживеаја трагедијата во Бугарија

Извори на Алсат во софиската болница информираат за имињата на преживеаните патници од трагедијата во Бугарија, каде што животот го загубија 45 лица. Список на преживеани лица: Ш. Н.Салех 36 години Медина Лутфи 25 години Лулзим Сулејмани 26 годишен – државјанин на Србија Ѓила Јашаровска 49 години Минир Јашаровски 50 години Ебиб Пајазитовски 49 години […]

ПОВЕЌЕ

ЖЕНА СО ДВЕ ДЕЦА ВО РАЦЕТЕ ИЗГОРЕЛА ПРЕД ВРАТАТА НА АВТОБУСОТ

Жена со две деца во рацете изгоре пред вратата на автобусот, јавуваат бугарските медиуми. Пред средната врата од автобусот има изгорено жена со две деца во рацете, најверојатно близнаци, јавува „24 часа“. Инспекторите во моментов проверуваат за дополнително гориво бензин во автобусот, бидејќи дизелот тешко експлодира, а автобусот бил на дизел. Еден од преживеаните патници […]

ПОВЕЌЕ

Очевидец: Го погрешил патот, нагло го свртел воланот и така се случила трагедијата

Глетката не се опишува, вели еден од првите пристигнати на местото на несреќата, Васко Пиргов е од подрачната управа на Перник. Тој бил разбуден рано наутро и испратен на местото на настанот. Пред него беа само полицијата и противпожарната служба. Мислам дека возачот е виновен. Предна десна гума удрила во знак кој бил фрлен 45 […]

ПОВЕЌЕ