СВР Струмица информира дека вчера во 20:45 часот во Полициската станица во Струмица, В.М.(30) од Струмица пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат Никола М.(27) од Радовиш, кој времено престојувал кај неа. Неговото семејство апелира до граѓаните доколку го имат забележано да ги контактираат. Од СВР Струмица велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.