Магија во двојка: Александар и Андреа ја раздрмаа сцената со ‘За една љубов’!

Нив ги спојува музиката, емоцијата и желбата да создадат нешто што ќе допре до секое срце. Младите и талентирани уметници Александар Тасевски и Андреа Атанасовска деновиве ја претставија својата нова дует-песна со наслов „За една љубов“, која веќе започна да го освојува етерот и вниманието на публиката.

Песната носи силна порака, топла мелодија и искрена интерпретација која ги истакнува вокалните квалитети на двајцата изведувачи. Александар, кој јавноста го запозна преку неговото учество во македонското талент шоу, веќе одамна важи за вонсериски добар вокал, познат по емоцијата и техниката што ја внесува во секој настап. Од друга страна, младата Андреа Атанасовска — иако е на самиот почеток од својата музичка приказна — сосема заслужено важи за една од најперспективните млади вокалистки, со глас кој ветува долга и успешна кариера.

„За една љубов“ е нивната прва заедничка соработка, но според реакциите, звучи како да пеат заедно одамна — природна хемија, совршено вклопени гласови и емоција што ја носи целата приказна. Песната деновиве ќе биде дел од новогодишниот музички програм на ИНТВ, каде што публиката ќе може да ја слушне и види во целост, во посебно празнично издание.

Со овој дует, Александар и Андреа најавуваат нова свежина на домашната музичка сцена, а публиката со нетрпение очекува нивни нови заеднички и соло проекти. Ова е само почеток на една убава музичка приказна која продолжува да се пишува.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*