(Пишува монахот Нифонт од манастирот Ватопеди.) Ова се случило во манастирот Ватопеди на Света Гора, кога таму живеел Старецот Јосиф “Помладиот” доцна во ноември. Јас тогаш бев послушник. Во тие денови имаше конфликти кои се појавија на Политехничкиот универзитет во Атина помеѓу учениците и полицијата. Одредени анархистички студенти сакаа да се кријат од властите и се скриваа во Света Гора. Еден од нив, анархистот со зелена мохавка(врста како), имаше вујко кој работеше за монасите во манастирот Есфигмен. Овој млад човек изјави дека тие дошле тука за да останат некое време. Се разбира, немале дозвола да го посетат Атос. Тие дури немале ни идеја за тоа како ќе стигнат таму. Тие се обиделе да патуваат таму на брод, но биле исфрлени. Потоа решиле да одат пеш. Најпосле дојдоа до манастирот Есфигмен. Мора да се каже дека ова е многу строг манастир, и затоа кога ја видоа оваа група млади момчиња, со избричени глави и обетки во прободените уши, ги истераа. Едвај стоејќи на нозе од замор, до вечер тие одвај се довлечкаа до Ватопеди. Монахот-портир веќе се подготвуваа да ги затвори портите на манастирот, но ги виде овие чудни момчиња.. Се разбира, и отецот, исто така беше исплашен од нивниот дивјачки изглед – нема да видите премногу вакви посетители на Св. Гора. Тој беше принуден да му каже на игуменот за нив. -“Отец, што да правам со нив? Треба ли да ги испратам назад? Но, каде ќе одат? Каде ќе ја поминат ноќта? Па сите манастири сега се затвораат?” Отецот одговори: “Богородица ги доведе до нас. Прими ги… Само стави ги сите во една соба, и не дозволувајте другите верници да ги видат. И добро чувајте ги да не излезат надвор.” Јас ги сместив во една соба. Ми изгледаа исплашени и збунети, многу исцрпени од многучасовното одење. Кога другите посетители отидоа да се одмараат, тие беа однесени во трпезаријата за да се поткрепат со храна. По кратко време, монасите разговарале со нив, а потоа им рекоа дека мора да заминат следниот ден, бидејќи манастирот прима верници само една ноќ. Отецот им рече на младите луѓе дека Бог е Љубов, и без оглед на се што тие направиле во нивните животи, се уште можат да се покајат и поправат. Следниот ден, оној со зелената Мохавка ми рече: “Отец, јас би сакал да останам тука уште еден ден. Дали е можно тоа?” Другите не сакаа да останат. Го прашав Отецот-игумен за благослов и тој му дозволи на младиот да остане уште еден ден – но ќе треба да стави друга капа, така што Отците и верниците нема да бидат вознемирени од неговиот изглед. Петар, (така беше именуван овој студент со зелена капа) остана два дена, а потоа и три, четири…подолго време. Еден ден, за време на вечерната служба, слушнав гласно плачење во нартексот на црквата…– дури и јас иако ретко плачам, сепак се расплакав… Отидов да видам што се случува…И го видов Петар во нартексот на колена, како клечи и силно плаче. Му пријдов и го прашав што се случило. Мислев дека можеби некој го повредил. -“Не, ништо не се случи”, одговори тој. “Отец, сакам да разговарам со тебе.” По завршување на вечерата ја напуштивме црквата. -“Отец, дали е можно спасение за мене?” -“Петар! Секој може да се спаси. И разбојникот на крстот се покаја и Христос го спаси и прими во рајот.” Потоа Петар ми ја отвори својата означена душа. Тој ми рече дека неговото семејство се распаднало; неговиот татко ја тепал мајка му, што за Петар било многу болно. На дванаесетгодишна возраст го напуштил својот дом, живеел по улиците на соседната Епархија, се заплеткал со анархистите, почнал да зема дрога, а потоа паднал во секакви други грозни гревови. Неговиот живот беше еден долг тотален стрес. И покрај сето ова, душата на младиот човек беше сеуште нежна и некако убава. Браќа, ова ви го кажувам за да не го одбиеме дури и најлошот грешник, кога бара спасение, затоа што Господ ги “прибира” кон себе оние што ги ние ги одбиваме и одвраќаме. Ние правиме голема грешка кога се сметаме себеси за подобри од нив. Старецот Пајсиј рече дека на Судниот ден сите ќе бидеме многу изненадени, кога оние што очекувавме да ги видиме во рајот, нема да се најдат таму, а оние за кои ниту помислуваме дека ќе ги видиме таму, ќе ги видиме во Небесното царство. Ние сакаме сите да се спасиме и се надеваме дека преку Христовата љубов ќе бидеме спасени. По оваа промена, што се случи кај Петар преку молитвите на Пресвета Богородица, му рековме дека треба да се исповеда. На исповед, тој бил обземен со такво каење, што локва од солзи се формира на подот под него. Петар остана во манастирот уште многу време. Отецот му рече дека треба барем да ја скрати неговата коса и мохавката. Но, Петар одговорил: -“Не, јас нема да ја скратам пред да се вратам назад во градот, така што момците нема да кажат дека монасите ме ишишале. Кога ќе се вратам во светот, ќе ја скратам сосема“.Па тој продолжи да шета со својата капа. Петар го напуштил манастирот и почна да живее духовен живот. Тој подоцна се врати овде, сега со поинаков, нормален изглед. А потоа исчезна… Знаевме дека не ја видел мајка си од денот кога заминал од дома, дека никогаш не погледнал во неа. Ние се обидовме да го исправиме односот на Петар со неговата мајка. Го баравме нејзиниот телефонски број и ја викавме, кажувајќи и сè. Неговата мајка изгубила секаква надеж дека повторно ќе го види и беше многу потресена и возбудена од нашата приказна. За нас ова беше многу радосен настан. Две години по овие настани, јас и неколку други Отци присуствувавме на црковна служба и вечера во друг манастир на Света Гора. Со нас беше и Високопреосветениот Митрополитот Григориј од градот Касторија. Неговото Високопреосвештенство ни кажа да не кажуваме на никому дека е епископ – не сакаше да му се покаже посебна чест, ниту пак да им се представува на браќата на манастирот. Дојдовме до манастирот, и ги донесовме традиционалните атонски поклони. Кога бевме подготвени да тргнеме за дома, еден монах ми дојде и ме праша: -“Отец. Нифонт, не ме препознавате?” Гледав во него и реков: -“Не..не те познавам”.-“Погледнете малку подобро!” рече. И…што видов?! Оние големи зелени очи ме гледаа! Тоа беше Петар. Тој станал монах на Света Гора. Се разбира, ние се радувавме и прегрнува не еден со друг пресреќни. Двајцата бевме возбудени до солзи! И благодарам на Пресвета Богородица за нејзините големи благослови, милости и чуда кон нас! Јас ви кажав само за едно нешто од тоа. За нас, неговата промена на животот беше вистинско чудо. А за вас??? Слава ти Господи Иисусе Христе на Твоето човекољубие и промислување за секого! Пресвета Владичице Богородице спаси не и помогни на сите!
Потресна Приказна од Света Гора за анархистот со зелената мохавка !!!
Очевидци бесни на изјавата на министерот Филипче дека брзата помош стигнала брзо на лице место!
Очевидци раскажуваат дека прв автомобил на брза помош дошол после еден час, тие тврдат дека мошело побрзо да се реагира […]
Отворено писмо на Јанко Бачев: Бојкотирањето на изборите е во корист на Зоран Заев и Али Ахмети
Почитувани браќа Македонци и сестри Македонки, Почитувани граѓани на Републка Македонија, По вчерашната одлука на Централниот комитет на Единствена Македонија, […]
Владата ќе набавува 500.000 дози „Фајзер“ вакцини, дел од нив за деца од 5 до 12 години
Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за набавка на вакцини против КОВИД-19 за 2022 година, според која е утврдена […]
Заев не ја дава власта,зошто да дадам оставка за друг дда дојде!?
Премиерот Зоран Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка. Тој во изјавата на Зијадин Села, дадена во 24 […]