(Видео) Пожар избувна во скопски ресторан за време на свадба

Во центарот на Скопје се запали ресторанот „Рагуза“, кој е над катната гаража „26 Јули“, спроти седиштето на „Макпетрол“.

Од МВР информираат дека во 23 часот добиле дојава дека во ресторан „Рагуза“ лоциран на покривот од катната гаража „26 Јули“, избувнал пожар додека била во тек свадбена прослава.

https://twitter.com/i/status/1424116370812411915

Во ресторанот имало повеќе лица и поголем број гости биле евакуирани.

Пожарот најверојатно е настанат од магацинот или поради неисправна вентилација. Засега нема информации за повредени лица, посочија од МВР.

Од страна на БППЗ пожарот се гаси, а сообраќајот е пренасочен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*