Најмалку 30 затвореници загинаа, а 47 се повредени во борба на затворски банди во градот Гајакил во Еквадор, соопштија официјалните лица на земјата.
Командирот на полицијата Фабијан Бустос, на новинарите им рекол дека полицијата и војската ја вратила контролата над затворот после петчасовен хаос.
Во текот на акцијата се запленети неколку парчиња оружје. Како што наведуваат официјалните лица, насилството во текот на кое е користено огнено оружје, ножеви и експлозивни средства, избило поради караница меѓу бандите Лос Иобос и Лос Чонерос.
На телевизиските снимки се гледа како затворениците пукаат низ прозорите, а се гледа и густ чад.


