Загоричани се наоѓа во географската област Пополе. Селото е на 7 километри источно од Горенци и на околу 20 од Костур. До селото е Загоричанскиот манастир „Света Петка“.
Во 15 век во Загоричани се забележани 71 глави на домаќинства. Во османските даночни регистри од средината на 15 век Загоричани е споменато со 15 глави на семејства и еден неженет: Трајко, Стајко, Стеван, Тодор, Драго, Стамат, Којо, Јорги, Никола, Добрил, Васил, Никола, Јано, Јано, Мано и Петру, и две вдовици Стана и Кала. Општ приход за империјата од селото е 1 262 акчиња.
За време на Кримската војна (1853 – 1856) во реонот скитаат разбојничките чети на Али Зот и Коста Рели, кои го напаѓаат Загоричани. Четите са уништени по крајот на војната.
Во 19 век Загоричани е еден од главните центри на македонското будење во Костурско. Во 1869 година во Загоричани се отвора егархиско училиште, во кое учителствува Георги Динков. Покасно во училиштето предаваат Петар Орлов и Григор Попанастасов. По 1872 година свештеник во селото е Димитар Топалов.

Од 1894 до 1899 година пет години во Загоричани предава Златко Каратанасов, со помошник Хараламби Дорев од Ресен и Христо Узунов од Загоричани и учителката Ангелина Бонева, заменета во втората година последователно од Константина Дукова и Василка Касова. Од седумте свештеника во селото четири се егзархиски – поп Стефан, поп Јаков, поп Георги Попнаумов и поп Григориј Попнаумов, и тројца патријаршиски – поп Анастас Стари, поп Георги Стари Чанакот и поп Анастас Млади.
Загоричанци активно учествуваат во Илинденското востание во кое време селото е цело опожарено, 55 души се стрелани, заклани или изгорени, а многу жени силувани. Според друго сведоштво на раководителите на Илинденското востание во Костурско, вклучувајќи ги Васил Чекаларов, Лазар Поп Трајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, испратено до сите странски конзулства во Битола на 30 август 1903 година во Загоричани се изгорени сите 680 куќи и се убиени околу 150 души старци, жени и деца.
Во 1907 година жители на Загоричани основаат во Торонто, Канада, Загоричанско помачко здружение „Мир“, чија цел е подпомагањето на преселените во Северна Америка – жители на селото во време на болест, смрт и безработица.
За време на Балканските војни 42 луѓе од Загоричани се доброволци во Македоно-одринското ополчение.

По востанието селото ставнуа трн во очите и на грчката пропаганда во регионот, на чело со костурскиот митрополит Германос Каравангелис. На 25 март (7 април нов стил) 1905 година здружени андартски чети од околу 300 души под раководството на Георгиос Цондос го напаѓаат селото и извршуваат страшно колење во кое загинуваат околу 100 души, а целото село е одново изгорено. По ова колење започнува постепено опаѓање на Загоричани и масовното исселување на жителите.
По Балканските војни започнува терор над македонското население, во 1913 година грчката армија тепа учители и свештеници, меѓу кои Глигор Зисов. Во август 1914 година во селото се уапсени и тепани Алеко Далев, Сидо Карагешов, Љако Мишаков, Иван Каришов, Дамјан Ичков, Иван Алексов и други. Љако Мишаков умира од тепањето.
По Лозанскиот мир 33 грчки семејства – 112 души се населени во селото. Грчките семејства се во остар конфликт со месните жители.
Таен извештај на жандармерискиот началник во Лерин Никифоракис од 8 април 1940 година го посочува Загоричани заедно со Екши Су, Мокрени и Буф како едно од селата со најголема концентрација на “бугари”.

Вo Граѓанската војна мнозина жители на селото одат во партизани.
Во Граѓанската војна од Загоричани има 62 убиени, а 242 емигрираат. 174 деца се “деца бегалци”.
Во 60-те години на 20 век започнува масовна емиграција во прекуокеанските земји.
Пописи:
1913 – 2 320 души
1920 – 1 246 души
1928 – 735 души
1951 – 720 души
1961 – 754 души
1971 – 479 души
1981 – 502 души
1991 – 458 души
Основна забележителност на Загоричани е црквата „Воведение Богодорично“, 24 на 14 метри, во центар на селото. Изградена е врз основите на постара црква и е осветена на 10 мај 1861 година за што сведочи натпис над мермерна плоча на јужната стена. Црквата е трикорабна, левиот кораб – женското одделение – е посветено на Свети Никола, а десното – на Свети Јован Богослов. Во храмот има вредни икони, постари од црквата. Ктиторскиот натпис е на грчки и гласи:
„Овој Божји и свет храм, посветен на Нашата Господарка Богородица и Дева Марија, беше издигнат од основи во времето на епископот на Костур Никифор и со помош на сите побожни, добри и православни христијани од областа Загоричани. За памет во век и веков! Главен мајстор Панајот, 1861 г., 10 мај“
Родени во Загоричани:
Анастас Јанков (1857 – 1906), револуционер, деец на ВМОК.
Аргир Вангелов Геленцов (1886 – 1934), револуционер, учесник во Илинденското востание, починал во Софија.
Васил Касов (1880 – 1939), револуционер.
Георги Мицарев, просветен деец, учител во Прекопана и Тиквеш и свештеник во Тракија.
Григор Ичков, револуционер, загинал пред 1908 г., погребан во братската могила во Апоскеп.
Дамјан Илиев, учител и револуционер.
Димчо Атанасов Дуков (1929 – ?), војник на ДАГ во Граѓанската војна (1946 – 1949), по падот на ДАГ во 1949 година емигрира во СССР, а во 1956 година се село Варна, остава спомени.
Екатерина Дамјанова Делева (1916 – ?), сопруга на Методи Делев, член на ЕАМ од 1943 г. и на АФЖ, војник од ДАГ во Граѓанската војна (1948 – 1949), по падот на ДАГ со децата емигрира во Бугарија – Варна, остава спомени.

Иван Сапунаров, учител и револуционер.
Илија Вулев (1880 – ?), учител.
Кузман Стефов (1875 – 1902), револуционер, војвода на ВМОРО
Кузо Илков – Самарџијата, револуционер од ВМОРО.
Кузо Погончев (1873-1902), револуционер, деец на ВМОК.
Маслина Грнчарова (1874 – 1958), револуционерка.
Методи Димитров Делев (1909 – ?), во 1936 година е интерниран на Агиос Австратиос, член на Грчката комунистичка партија од 1945 г., од 1945 до 1964 година е во затворот, по излез на слобода, емигрира во Бугарија, остава спомени.
Наум Темчев, просветен деец.
Никола Досев (1880 – ?), револуционер, војвода на ВМОРО.
Лефтер Манче (1948 – ), хирург.
Петар Погончев (1875 – 1908), револуционер, деец на ВМОК и на ВМОРО.
Сотир Љутиков (1916-1948), партизан и деец на СНОФ, НОФ и НОВМ.
Софија Атанасова Киричева (1927 – ?), член на ЕПОН од 1946 г., јатачка на ЕЛАС, била со група деца бегалци во Романија во 1948 г., учесничка во Граѓанската војна на страната на ДАГ (1949), се борела во Малимади, Кулукутурија и Лерин, емигрантка во СССР (1949- 1956), во 1956 година е во Варна, авторка на спомени.
Спиро Василев Мореов, општественик, македоно-одрински ополченец.
Султанка Николова Дукова (1906 – ?), членка на АФЖ, јатачка на ЕЛАС, војник на ДАГ во Граѓанската војна (1948 – 1949), емигрира во Полска, а во 1954 година се со семејството е во Варна, остава спомени.
Филип Васков – Славјански опшественик.


