Претседателот на Украина – Володимир Зеленски дава шанса за решавање на конфликтот во Украина. Прашан за можноста за признавање на Крим и Република Донбас, Зеленски рече дека постои можност да се разговара за тоа.
„Можеме да разговараме за тоа и да најдеме компромис за тоа како луѓето ќе продолжат да живеат таму“ – рече Зеленски на прашањето за можноста за признавање на Крим, Народните републики Доњецк и Луганск.
Помошникот на претседателот на Русија и шефот на делегацијата за преговори со Украина – Владимир Медински, во интервју за РТ изјави дека се надева оти во текот на преговорите ќе се најде решение на темата за признавање на Крим и Донбас.

