Селото се наоѓа на 23 километри источно од Лерин во западното подножје на планината Мала Ниџе на главниот пат од Солун за Лерин и Битола.
Баница е едно од нај-старите села во Леринско. Во реонот на Баница се откриени мраморно торсо од римскиот период и римски надгробни стели од ΙΙ – ΙΙΙ век. Гробишната црква „Свети Никола“ во селото е од XVI век. Селото се споменува за прв пат во османски тефтер од 1481 година под името Баница. Во османски даночни регистри на христијанското население од вилаетот Филорине од 1626-1627 година селото е под името Баниче со 132 џизие ханети (домакинства).
Баничани учествуваат активно во ВМОРО. Првиот комитет во селото е основан во крајот на 90-те години на 19 век од Георги Попхристов и Даме Груев. Во 1903 година крај селото загинуваат војводите Георги Папанчев, Евстрати Дачев, Васил Попов и Силјан Пардов и 13 комити. Во јули 1905 година селото е нападнато од голема андартска чета.

За време на Балканските војни во 1912 година 25 души од Баница се доброволци во Македоно-одринското ополчение.
Во Граѓанската војна жителите на Баница се на страната на ДАГ.
60-те години голем дел од жителите емигрираат во Германија, Австралија и Канада. Масовната емиграција продолжува до 70-те години на 20 век. Според различни податоци во Канада живеат околу 6 500 баничани и нивни потомци, во Австралија – 2 500, во Република Македониja 2 000.
Според истражувања од 1993 година селото е чисто македонско и македонскиот јазик е зачуван.
Во селото има неколку цркви – „Свети Георги“ (1910), „Свети Атанаси“, „Свети Пророк Илија“ (1918), „Свети Димитар“ и гробишната „Свети Никола“ (XVI век). Собор е на Ѓурѓовден.

Пописи:
1913 – 1 617 жители
1920 – 1 653 жители (524 семејства)
1928 – 1 995 жители
1940 – 2 245 жители
1951 – 2 062 жители
1961 – 2 105 жители
1971 – 1 049 жители
1981 – 806 жители
1991 – 753 жители
2001 – 688 жители
2011 – 670 жители
Родени во Баница:
Алексо Џорлев (Алеко, ? – 1915), револуционер, војвода на чета во Македоно-одринското ополчение.
Атанас Георгиев, македоно-одрински ополченец, 1 чета на 10 прилепска дружина.
Борис Ванов (1932 – 2006), американски телевизиски и филмски продуцент.
Боро Пејчинов (1942 – ), карикатурист и аниматор.
Вангел Апчев, партизан.
Вангел Којчев (1910-1953), партизан.
Вангел Трпанов, македоно-одрински ополченец, 4 чета на 8 костурска дружина, зборна партизанска чета на МОО, паднал во грчки раце во Меѓусојузничката војна.
Васил Анев, деец на ВМОРО, фатен во 1903 година, испратен на заточение, убиен во Мала Азија.
Геле Алушев (? – 1905), револуционер.
Георги А. Баџев (Баџов), македоно-одрински ополченец, 30-годишен, 1 чета на 10 прилепска дружина, носител на крст „За храброст“ IV степен.

Георги Тодев (1893 – ?), македоно-одрински ополченец, 1 чета на 11 серска дружина.
Георги Јанчев (1887 – ?), македоно-одрински ополченец, 1 чета на 11 прилепска дружина.
Ѕоле Стојчев (Ѕоле Гергев, Атеш паша) (1867 – 1909), револуционер.
Диме Топалов (Димо), македоно-одрински ополченец, 1 чета на 10 прилепска дружина, загинал во Меѓусојузничката војна на 18 јуни 1913 година.
Димитар Великин (1908-1997), партизан.
Димитар Чоков (1887 – ?), македоно-одрински ополченец, 2 чета на 10 прилепска дружина.
Дине Попалов (1892 – 1913), македоно-одрински ополченец, 1 чета на 10 прилепска дружина, загинал во Меѓусојузничката војна на 18 јуни 1913 година.
Дине Попанов (1892 – 1913), македоно-одрински ополченец, 1 чета на 10 прилепска дружина, загинал во Меѓусојузничката војна на 17 јуни 1913 година во Румена бука.
Иван Мицев (Мицов, 1887 – ?), македоно-одрински ополченец, 2 чета на 10 прилепска дружина, ранет на 6 и 7 ноември 1912 година, зборна партизанска чета, паднал во грчки раце, ослободен на 9 март 1914 година, носител на крст „За храброст“ IV степен.
Илија Гасков (Иљо), револуционер од ВМОРО.
Илија Италијанчето, револуционер.
Илија Лерински (1884 – 1934), револуционер.
Иван Н. Наумов (1893 – ?), македоно-одрински ополченец, 2 чета на 10 прилепска дружина.
Илија П. Минков (1876 – ?), македоно-одрински ополченец, 3 чета на 13 кукушка дружина, носител на крст „За храброст“ IV степен.
Кики Мангова-Поњавич (1940 – ).
Коле Мангов (1940 – ), поет и публицист.
Коста Иванов (1876 – ?), македоно-одрински ополченец, четата на Коста Христов Попето.
Костадин Крстев, македоно-одрински ополченец, 4 чета на 8 костурска дружина, зборна партизанска чета.
Костадин Трифонов (8 јануари 1871 – ?), во 1892 година завршува со четвртиот клас педагошки курсеви на Солунската машка гимназија, македоно-одрински ополченец, нестроева чета на 6 охридска дружина.
Кочо Робев (1915 – 1944), партизан.
Крсто Димитров, македоно-одрински ополченец, 3 чета на 8 костурска дружина.
Лазар Бошев (Хаџибошев, 1884 – ?), македоно-одрински ополченец, 1 чета на 10 прилепска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен.
Мице Тимев (1874 – ?), македоно-одрински ополченец, четата на Павел Христов.
Мицо Куртов, македоно-одрински ополченец, четата на Пандо Шишков.
Мичо Неделков (1917 – 1948), партизан.
Наце Катин, револуционер.
Нацо Кочев (? – 1908), револуционер.
Ник Ванов (1929 – 1991), американски телевизиски и филмски продуцент.
Никола Неделков, деец на ВМОРО, убиен од младотурците во 1911 година.
Руси Трифонов, македоно-одрински ополченец, 2 чета на 8 костурска дружина.
Павле Павлов – Димко (? – 1944), партизан.
Ставро Кочев (1910 – 1976), партизан.
Стефан Апостолов (1872 или 1876 – 1937), деец на ВМОРО и македоно-одрински ополченец.
Стојче Д. Алушев, македоно-одрински ополченец, 28-годишен, земјоделец, ІІІ одделение, 1чета на 10 прилепска дружина.
Стојчо Петров, македоно-одрински ополченец, штаб и 1 чета на 8 костурска дружина.
Стојан Апчевски (1936 – ).
Типе Гелев Ничов, војвода на баничката чета на ВМОРО во 1902 – 1903 година.
Том Пецинис (р.1935), писател.
Христо Димитров, македоно-одрински ополченец, 2 чета на 8 костурска дружина.

________________________
Banitsa is a village in Lerin regional unit, Aegean part of Macedonia. The village is passed by two national roads which lead to Solun, Lerin, Surovicevo, and Kozani. Additionally, it has a railway station on the line between Lerin and Solun.
The city dates back to Roman times. Archeological finds from this period, such as the marble torso of a male statue, are housed at the Archaeological Museum of Lerin. There were 132 Christian households in the village in the first half of the 17th century.
In 1913, with the conditions of the Treaty of Bucharest, when this part of Macedonia became part of Greece, and after the Balkan Wars, a lot of locals emigrated to Bulgaria. The village was renamed Vevi in 1926. Following World War II as well as the Greek Civil War it saw more exodus on the part of the town’s non-Greek inhabitants.
A 1993 survey of the area found that much of the population over the age of 30 were Macedonian speakers.

