Во вторникот, на летната сцена на ИН продукција во Охрид, се одржа традиционалниот музички спектакл „Песна на летото 2025“. Во конкуренција на најдобрите изведувачи од македонската естрада, второто место според гласовите на публиката ѝ припадна на фолк ѕвездата Татјана Лазаревска.

Татјана, која ова лето е една од најбараните пејачки на домашната сцена, настапи со својата најнова песна „Хероина“ – емоционална балада што го освои срцето на присутните и уште еднаш ја потврди нејзината популарност.
Фестивалот, кој веќе традиционално собира голем број љубители на македонската музика, и оваа година помина во знакот на добра песна, позитивна енергија и незаборавна атмосфера покрај охридското крајбрежје.


