Мицкоски: Се прават жестоки притисоци врз пратениците кои се потпишаа за новото парламентарно мнозинство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција откри дека се правеле жестоки притисоци врз пратениците кои се потпишале за новото парламентарно мнозинство, уште во текот на вчерашниот ден.

„Јас би сакал да имаме политичка влада која ќе има кредибилитет и ќе работи во полн капацитет и ќе ги спроведе сите реформи. Доколку тоа не се случи брзи избори се неминовност. Се прават жестоки притисоци врз пратениците кои се потпишаа за новото парламентарно мнозинство. Немам дилема дека некој ќе се предомисли. Ја чекаме оставката на Зоран Заев во парламент. Очекуваме во понеделник да стигне оставката на Заев, доколку не пристигне, ја почнуваме постапката за изгласување недоверба на Влада“, кажа Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*