Синоќа се одржа прославата за овој голем наш јубилеј, во забавна атмосфера и позитивно роденденско расположение. Им благодариме на нашите колеги кои пееја за нас, благодариме на сите гости кои ја исполнија салата до последно столче, присуството на секој од вас ни значи многу, бидејќи 35 години за нас е голема бројка. Низ овие 35 години имаме свирено на повеќе од 3500 фамилијарни веселби и настани, зад себе имаме 5 музички албуми, турнеи низ цел свет и пријатели од цел свет. А најважно од се’, задоволна публика која не сака и поддржува. Ви благодариме за поддршката, а ние и понатаму продолжуваме онака како што знаеме, сплотени, да дадеме се’ од себе, за ВАС, бидејќи вашите аплаузи и пофални зборови се нашата најголема награда во сите овие години. Ваши, Маестрал.



Leave a Reply