Денеска, непосредно пред започнување на изборниот молк за вториот круг од локалните избори, осамнаа флаери и други материјали со лажна политичка содржина и лажно претставување и кривотворење на симболите и името на Политичката Партија Левица. Содржината на материјалите, која наводно е испечатена и подготвена од Левица, е класична црна кампања против независниот кандидат за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска.Судејќи според целокупната организација и текот на овие избори, присуството на сиот притисок, поткуп, заплашување, уценување и нерегуларности кои ги посведочивме во текот на кампањата, како и на денот на самите изборите; но, судејќи и според резултатите после првиот круг од овие избори, несомнено е дека ваквото кривично дело, преку лажно претставување, единствено може да биде дело на структури блиски до власта и со директни инструкции токму од владејачката партија СДСМ. Крајната цел на сето ова е обид да се нанесе штета на политичката партија Левица, која веднаш се оградува и најодговорно тврди дека материјалите не се дистрибуирани и нарачани од нејзина страна. Како и преку измама да се изманипулираат, спречат или присилат граѓани при искористување на своето избирачко право. Ваквото преземено дејствие целосно го исполнува битието на кривичното дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“ казниво по член 160 ст. 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 3 години!Дополнително, до нас допреа информации дека печатницата во која се печателе ваквите флаери со лажна содржина е со седиште во Богданци и истата е сопственост на лице кое во 2013 година е член на Централниот одбор на СДСМ и истото ова лице е татко на еден од советниците од редовите на СДСМ во општина Богданци. Печатницата континуирано се поврзува со СДСМ и нејзините раководни лица можат да се забележат на митинзите на СДСМ и во друштво со највисоките членови на владата. Само во периодот од 2018-2020 година печатницата добила тендери т.е. склучила договори за разни услуги со неколку државни институции во вкупна вредност од 6.157.245 ден!Оттука, поради горенаведеното ја повикуваме Државната изборна комисија, во соработка со Јавното обвинителство, да преземе мерки за оневозможување на наведеното противзаконско дејствување кое се заканува да биде извршено од страна на блиски структури на власта, а кое несомнено ќе има негативни импликации по демократскиот капацитет на државата.
ЛЕВИЦ-СДСМ ПРЕКУ ЛАЖНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЦРНА КАМПАЊА ОЧАЈНО СЕ ОБИДУВА ДА СЕ СПАСИ ОД НЕМИНОВНИОТ ПОРАЗ!
Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец
Веќе трет ден има голем пожар во националниот парк „Преспа“, кај Пустец, Мала Преспа, јави дописничката на МИА од Тирана. […]
Жител од Дедино пријавил во полиција дека исчезнала неговата невенчана сопруга
На 10.03.2022 година во 13.50 часот во Полициската станица Радовиш В.Р. (41) од село Дедино, општина Конче, пријавил дека од […]
Однатре те јадат,однадвор те распарчија,песна што ќе го погоди секој Македонец .
Македоноцет Зоран Далчески кој живее и работи во Америка снимаше нова песна насловена Жива е Македонија ,тој во песната дава […]
Голем инцидент во Тетово: Демонстрантите ја нападнаа полицијата која го бранеше седиштето на ДУИ (ВИДЕО)
Граѓаните кои попладнево мирно протестираа во Тетово, како поддршка за починатите кои загинаа при пожарот во модуларната болница во Тетово, […]