За девет месеци од годинава се откриени 124 странски државјанки кои нелегално престојувале и работеле пред се во угостителски објекти во тетовскиот регион. Жените се претежно од соседни земји, но и од подалечни држави, соопштија од СВР Тетово.
Тие се откриени во редовните активности на СВР Тетово за откривање и законско санкционирање на странски државјани, односно државјанки кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето, најчесто во угостителски објекти.
„Во изминатите девет месеци од годинава биле затекнати вкупно 124 странски државјанки, најмногу од Република Албанија (55), Република Србија (26), Русија (20), Украина (10) и од уште седум други европски држави, од соседството и пошироко. Од затекнатите, 58 женски лица странски државјанки или го немале законски регулирано нивниот престој или престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле претходно пријавениот туристички престој, со што постапиле спротивно на Законот за странци“, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Поради овие прекршувања на законските одредби, СВР Тетово во овој период изготви 13 барања за поведување на прекршочна постапка против 58-те странски државјанки до основните судови во Тетово и Гостивар.
СВР Тетово откри 124 странски државјанки со нелегален престој
ВИДЕО: ХРАБРИТЕ МАКЕДОНСКИ РАКОМЕНТАРИ ЈА ДОПЕЈАА ХИМНАТА ИАКО ОРГАНИЗАТОРОТ ЈА ИЗГАСИ МУЗИКАТА ВЕСТИВИДЕО
Кадетската репрезентација на Македонија обезбеди место на следното младинско ЕП 2024 година и на следното кадетско СП 2023 година, откако […]
И тоа дочекавме : Заев ги направи Македонците фашисти
Правдајќи ги своите постапки и предавства околу бугарското прашање, премиерот Зоран Заев порача дека колабористи со фашистите имало и во […]
Испекторот Томе влегува во политиката
Горан Стојаноски, кандидат за член на Советот на Општина Охрид на листата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“. Роден […]
(видео)Во Швајцарија над 2000 Македонци во еден глас ја пеаат”Едно име имаме”
На хуманитарниот концерт одржан во Швајцарија во организација на друштвото “Пирок” имаше рекорден број на посетители над 2500.Влатко и Дамјан […]