Шпанскиот премиер Педро Санчез во неделата во јавно обраќање вети дека ќе ја криминализира проституцијата во земјата. Обраќајќи им се на поддржувачите на крајот од тридневниот конгрес на Социјалистичката партија во Валенсија, Санчез рече дека оваа практика ги „поробува“ жените.
Проституцијата беше забранета во Шпанија во 1995 година. Во 2016 година, Обединетите нации проценија дека сексуалната индустрија во земјата генерирала 3,7 милијарди евра.
Истражувањето од 2009 година покажа дека секој трет маж во Шпанија плаќал сексуални услуги барем еднаш, а студијата на ОН од 2011 година ја наведува оваа земја како трет по големина центар за проституција во светот, после Тајланд и Порторико.
Проституцијата во Шпанија во моментов не е регулирана со закон и нема казни за оние кои нудат платени сексуални услуги по своја волја, сѐ додека не се случат на јавни места. Меѓутоа, мамењето или дејствувањето како посредник помеѓу сексуална работничка и потенцијален клиент е нелегално.
Оваа „индустрија“ цути по нејзината декриминализација и се проценува дека околу 300.000 жени работат како проститутки во Шпанија.
Во својот изборен манифест во 2019 година, партијата на премиерот Санчез вети дека ќе ја забрани проституцијата, што се сметаше за потег за придобивање повеќе жени гласачи на изборите.
Шпанија ќе ја забрани проституцијата од која има 3,7 милијарди евра ќар годишно
Авcтpaлија во кapaнтин дoдека не се вaкциниpа 70% од нacелениeто – мacoвните прoтeсти прoдoлжувaат
Австралија ќе се придржува до стратегијата за карантин против коронавирусот сѐ додека најмалку 70 проценти од населението не биде целосно […]
ГОЛЕМА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ
Во тек се градежни активности во 10-тина населени места во општина Новаци с.Далбеговци-Изградба на тротоар во должина од 150 м […]
Пецаков: Општина Охрид задолжена 22 милиони евра
Градоначаникот Киил Пецаков, на денешната прес- конференција ја презентира финансиската состојба на општина Охрид и јавните прептпријатија. Според него општината […]
🥧 Тајната на паричката во питата за Василица: Чудото во Кесарија кое ја роди традицијата што ја чуваме со векови
Голем број македонски семејства Василица, на 14 јануари, ја празнуваат како домашна слава, додека оние што го носат името на […]