Македонецот кој ме спаси да не останам на улица во Флорида, се вика Мартин Димовски

Минатата година, поточно крајот на август, пристигнав во Соединетите Американски Држави, по добиена виза на лотарија.

Кога ги средував документите, за мене и семејството, морав да наведам адреса каде ќе престојував по пристигнувањето во САД. Имам роднини на Флорида и ја наведов таа адреса.

Секако, по договорот со моите блиски, на кои им ветив дека нема многу долго време да се задржам кај нив.

По првичната аклиматизација од неколку денови, кај роднините во Форт Лодердејл (блиску до Мајами), почнав да барам трајно решение за сместување за мене и моето семејство.

Прво што направив, отворив сметка во банка и бев да полагам за возачка дозвола, бидејќи овде во Америка, ако не возиш, не можеш да направиш ништо. Релациите се долги и за да работиш, мора да возиш.

За среќа, пред тргнување, во Македонија си извадив меѓународна возачка дозвола, која ми помогна да не полагам вожња и полигон, туку само тестови.

Овде е се направено да биде едноставно и дозволата ја добиваш веднаш, по полагањето на тестовите. Цената е симболична, помалку од 50 долари.

По земањето на дозволата, веднаш почнав да возам „Лифт“. Тоа е слично на Убер и е добра стартна позиција за правење на некои пари, колку за почеток. Напоредно со возењето, барав и апартман.

Најдов на неколку места, убави еднособни апартмани, меѓутоа сите тие, беа во големи комплекси, позади кои стојат големи компании.

Со жена ми бевме живи среќни, дека конечно, после дваесеттина дена ќе се отселиме од кај роднините, кои рака на срце не прифатија одлично, но сепак, си пречевме едни на други.

Од компанијата за станот, ми побараа документи, а јас имав речиси сè! Единствено, немав историја за примање плата во Америка, но сметав дека тие ќе имаат предвид дека јас сум во земјата само околу еден месец и не би можел да имам историја за плата.

На наше големо разочарување, по една недела од апликацијата, ни стигна известување дека нашата апликација за станот е одбиена, поради тоа што го немаме таканаречениот W2, потврда дека примаме плата!

Понудив да оставам депозит (си носев пари кои сме ги заштедиле во Македонија), но попусто, овде не можеш да се нагодуваш. Пробавме уште на едно место, и од таму бевме одбиени!

Во целиот очај, почнав да прелистувам на Гугл, агенти за недвижности и побарав некој што зборува српски или хрватски, бидејќи и јазикот сè уште не ми е баш нај-нај, а агентите имаат специфични изрази кои не ги разбирам.

На мое големо изненадување, на гугл ми се појави македонско име и презиме, Мартин Димовски. Агент за недвижнини од Флорида, кој ја покрива областа во југо-западна Флорида, од градот Форт Мејерс, до Тампа – Флорида.

Ние бевме моментално во близина на Мајами, но почнавме да гледаме сместување и од другата страна, во популарниот Тампа Беј.

Веднаш му пишав на Мартин и тој ми се јави. Ми дојде многу драго што зборував со наш човек. Го прашав колку години има, ми рече 25.

Малку ми беше необично толку младо дете, да работи ваква сериозна работа и да бидам искрен, се сомневав дека ќе завршиме работа.

Му објаснив кој е мојот проблем, дека јас имам пари, имам и работа, а и сопругата ќе се вработи сега брзо и за нас нема да биде проблем да плаќаме стан, но дека ни бараат потврди за плати од минимум 6 месеци.

Мартин рече НЕМА ПРОБЛЕМ! Ќе завршиме работа. Повторно ќе кажам, искрено не верував.

По само два дена, ми се јави Мартин и ми предложи да ми покаже 3 апартмани.

Отидовме со сопругата и ги видовме, од кои едниот ни остави голем впечаток. Му кажавме на Мартин дека ни се допаѓа и дека ни е прифатлива цената, а Мартин рече дека сега е неговиот дел од работата.

Им кажавме и на роднините дека сме нашле апартман, но им предочивме дека сепак, може да се оддолжи, бидејќи не ни се веруваше дека ќе се заврши работа.

Од друга страна, постоеше можноста и роднините по 1 месец да ни речат, барајте си чаре, толку од нас. Почна да се забележува нервоза кај нив. Значи, можеше да останеме дури и на улица.

Но, по два дена, се јави Мaртин и ни рече, од понеделник апартманот е ваш. Во петок потпишуваме договор. Треба да уплатите една и половина кирија како депозит и пари за првиот месец. Беше среда и бевме пресреќни.

Навистина во петок потпишавме, во понеделник се преселивме. Влеговме во апартманот практично со ништо, со душеци на дување кои ги купивме од Волмарт, но тоа е веќе друга приказна…

Сакам, вака јавно да му се заблагодарам на Мартин Димовски, агентот за недвижнини од Century 21, Флорида, кој практично не спаси од можноста да останеме на улица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*