Претседателот на Руската Федерација, Владими Путин најави дека европските плаќања за снабдување со гас ќе се префрлат во рубљи што е можно поскоро.
Ова значи дека ќе се зголеми побарувачката за руската рубља што ќе допринесе за нејзин раст на светските пазари.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина.
– Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извозениот природен гас во непријателските земји само во рубљи. Одлучив да воведам сет мерки за пренос на плаќањето за нашите испораки на гас до непријателските земји во руски рубљи -изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната владина средба, која беше пренесувана во живо на телевизија.
Тој им даде рок од една недела на Централната банка и на владата за да ја утврдат процедурата за операции за купување рубљи на домашниот пазар за увозниците.
Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со обемот и принципите на цените на договорите. Ќе се промени само валутата на плаќање.
Рускиот лидер објасни дека Русија планира да се откаже од сите „компромитирани“ валути во плаќањата. Тој додаде дека нелегитимните одлуки на голем број западни земји за замрзнување на средствата на Русија ја уништиле сета доверба во нивните валути.
Цена на гасот во Европа на ниво од 4.000 долари за 1.000 кубни метри не е граница, бидејќи волуменот во складиштата е значително помал од минатата година, изјави во средата рускиот вицепремиер и поранешен министер за енергетика, Александар Новак. .
Според него, забраната за увоз на руска нафта и гас може да резултира со крах на енергетскиот пазар на Европа.
„Апсолутно е очигледно дека без руски јаглеводороди, доколку се воведат санкции, пазарите на гас и нафта ќе пропаднат. Зголемувањето на цените на енергетските ресурси може да биде непредвидливо“, рече Новак.


