☀️ Денес доживеавме ден што ќе остане врежан – ден исполнет со гордост, љубов и нова, свежа македонска енергија!
❤️ Огромна благодарност до:
секој дедо што ги донесе внучињата да ја почувствуваат традицијата, секој родител што ја продолжува љубовта кон татковината, младите парови – иднината на Македонија, гордите пиринци што стојат рамо до рамо со своите корени, како и сите млади Македонци кои избраа овој ден да го споделат заедно – како едно!
Посебна чест ни беше присуството на гости од сите делови на Македонија – Вардарска, Пиринска и Егејска – доказ дека Македонија живее во секое срце, без граници!
❤️ Благодарност за присуството на:
г-дин Душко Иванов, г-ѓа Даниела Христовска, г-дин Петар Марков, г-дин Зоран Пејковски, Македонскиот културен центар од Софија, претставниците на македонската амбасада, г-дин Ташко Јованов и Здружението на децата бегалци.

💬 Со силни и инспиративни зборови, настанот го збогатија:
Кирил Тилев, Стојко Стојков, младата Ангелина Белчева и одличниот домаќин Димитар Иванов.
🎼 Македонската песна одекна гордо благодарение на:
групата „Пирински Глас“ од Разлог, група „Македонија“ и гостинот Ангел Стојкоски од Струга – музика што не обединува!
🤝 Искрена благодарност и до нашите поддржувачи:
European Free Alliance и Macedonian Human Rights Movement International – за нивната цврста поддршка на македонската кауза.
🔅🇲🇰🔅
Македонија не е само место – таа е чувство, корен и иднина!


